Голема огнена топка го осветли небото над канадската покраина Алберта. Населението што живее таму, а кое ја забележало чудната појава на небото, било зачудено, пишуваат медиумите.
Експертите велат дека нема причина за никаква грижа објаснувајќи дека се работи за исклучителен сјаен метеор. Безбедносните и другите камери на подрачјето на Калгари забележале невообичана светлина на небото околу 6.30 часот во понеделникот утрото.
За настанот посведочиле и жителите од Едмонтон и Саскачеван. Американското друштво за метеори објави видеоснимки од огнената топка објаснувајќи дека сјајниот метеор влегол во Земјината атмосфера. Засега не се знае дали делови од метеорот паднале на земјата.
Повеќе од 300 луѓе се обратиле во Меѓународната организација за метеори за да пријават што виделе, а еден од Канаѓаните се исплашил дека станува збор за нуклеарен напад.
„За дел од секундата си помислив дека станува збор за нуклеарен проектил или нешто што го создал човекот“, изјавил Крис, еден од луѓето што посведочиле на необичниот настан.
„Навистина си помислив дека е некаква експлозија во воздухот поради големината и блескавоста на небото“, коментирала друга Канаѓанка по име Роузмери.