Фолк-пејачката Милица Кузмановска преживеала вистинска голгота со коронавирусот. Таа по два месеца лекување во болница, конечно е дома. Преку Фејсбук ја раскажа раскажа својата приказна и вели, по борбата со ковид-19, сега е посилна.
„Конечно дома, по 20 дена изолација и лекување од Ковид-19 и компликациите што ми ги направи вирусот, во болница уште 19 денови, па операција и што уште не поврзано со короната, два месеца голгота. Се прашувам самата себе колку може да издржи еден човек, една жена барајќи сила во сопствената немоќ. Секогаш повеќе од тоа што знае и од очекуваното. Остана уште еден предизвик пред мене, ама не се давам. многу пати сум се кренала како феникс од пепелот, а овојпат се кренав од многу, многу пепел“, пишува пејачката.
Милица вели дека времето поминато во болница имало и убава страна, оти таму запознала неколку силни жени со коишто се дружела, а заедно го прославиле и излегувањето на нејзиното ново ЦД.
„Запознав пријателки, сите се чувавме една со друга, си помагавме, делевме се, затоа ви благодарам бескрајно“, напиша, меѓу другото пејачката.
Konecno doma….
Posle 20 dena izolacija i lekuvanje od Covid i komplikaciite koi mi gi napravi, vo bolnica uste 19…Posted by Milica Jokanović Kuzmanovska on Friday, February 26, 2021