Ако спаѓате во групата луѓе што страдаат од болки во грбот и лошо држење на телото, испробајте го овој тренинг.
Овие вежби не само што ќе ви помогнат да ги затегнете мускулите на рацете и грбот туку тие ќе ви го подобрат и држењето на телото, но и ќе ја намалат болката во грбот, од која страдаат сè поголем број на луѓе.
Освен што ќе ги намали болките, со вежбите ќе добиете и секси обликуван задник.
Тренингот трае 15 минути, а за најдобри резултати се препорачува да се изведува 3 пати неделно, во комбинација со други вежби. Ќе ви требаат два тега или две шишиња наполнети со вода за изведување на овие вежби.
Вежбите се креирани да го активираат секој мускул на грбот, задникот и рацете на насочен начин. По само еден месец, треба да ги забележите првите резултати.