Пејачката Антониа Гиговска објави нова фотографија на која е во црн костим. Таа на „Инстаграм“ напиша дека е подготвена за втора епизода, откако сними видео за песната „Можевме двајцата“.
Таа често објавува слики на социјалните мрежи. Прилично провокативни, а сега повеќе за да покаже колку ослабела. За Валентајн, беше во Белград, објави слика, па потоа проблемот беше дали била црна проѕирна ноќница или црн фустан.
Овој пат во црниот костум, покрај комплиметите дека убаво изгледа, некои се шегуваат: Аман, па оваа, се умислила дека е Мишел Фајфер во „Бетмен“.
Таа неодамна за „Репортер“ ни кажа за тоа како успеала за кратко време да ослабе 16 килограми. Ни откри дека не ѝ било лесно, но дека морала да направи нешто за себе.
View this post on Instagram