Балканската ѕвезда, Јелена Карлеуша со години е една од незаменливите членови на жирито на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, која што привлекува најголемо внимание, како и заради изгледот, така и за коментарите за учесниците.
Во промо-трејлерот за новата епизода, Јелена влезе во жесток конфликт со Александар Милиќ-Мили , кој е членот на жирито и повторно направи хаос во студиото.
Додека беше на своето место, таа викаше, мавташе со рацете и ја искрши чашата што стоеше до неа. Во еден момент стана и отиде дирекно накај нив и им кажа дека не можат да се расправаат со неа.
„Ви се колнам, секој ваш следен кандидат е колатерална штета, заради ова твое гласање“, му рече разбеснетата Јелена на Мили.
„Јас не сум ти Џорџ, ни Босанац. Нема да можеш така лесно да се справиш со мене, затоа немој да ме обвинуваш“, додаде таа додека одеше кон него.