Тозовац на инфективна се бори со короната: Балашевиќ повлече нога ама моето време не е дојдено

 

Српскиот пејач на народна музика,  Предраг Живковиќ Тозовац вчера бил хоспитализиран во болницата „Драгиша Мишовиќ“ во Белград со потврден коронавирус и пневмонија.

Од одделот за интензивна нега, каде е сместен заради компликации од корона вирусот, Тозовиќ, кој е на кислородна поддршка, смогна сили и даде своја изјава:

„Точно е дека завршив во болница поради пневмонија и коронавирус, но многумина се борат со овој проблем. Веќе не е никаква вест дека некој е позитивен на коронавирусот, туку дека е негативен“ рече Тозовац од болница и додаде дека иако ситуацијата е сериозна сепак е оптимист дека ќе се спаси за кратко време.

„Мојата здравствена состојба не е добра, како може да биде? Лекарите ми рекоа дека одморот е најважниот фактор за моето закрепнување. Ми дадоа антибиотици и слушам сè што ќе ми кажат“, изјави Тозовац за српскиот „Ало“, истакнувајќи дека се надева дека наскоро ќе излезе од болница.

„Не да се надевам, туку со душа го чекам моментот кога лекарите ќе ми кажат дека можам да си одам дома. Јас сум оптимист и верувам во Бога, сè уште не е дојдено меоето време да го напуштам овој свет“, изјави еден од најпопуларните пејачи на народна музика во регионот.

„Многу ми е жал за смртта на Балашевиќ, но како да повлече нога… Се надевам дека ќе го победам ова зло што е можно поскоро“, додаде пејачот.

85-годишниот пејач е едно од најзначајните музички имиња на српската народна музика. На почетокот на оваа година, пејачот се ожени со својата сакана Емилија Мима, по цели 40 години љубов и заеднички живот.

Scroll to Top