Ветеранот на воената морнарица на Русија, контраадмиралот Всеволод Хмиров, вели дека советските и руските морнари никогаш не се плашеле да пловат низ водите на мистериозниот Бермудски триаголник.
„Сите тие различни неверојатни теории за Бермудскиот триаголник покажуваат колку тие митови се силни и долговечни. Третата флота на стратешки ракетни подморници две децении вршеше служба во подрачјето на Карипското Море. Ниту јас, ниту моите другари во подморницата никогаш немавме видено никакви необични појави за кои светот зборува. Но, затоа видовме и почувствувавме алги, ги слушавме во топлата вода на длабочина од 50 метри. Таму температурата беше 26 степени Целзиусови. За советските морнари, Бермудскиот триаголник во тоа време беше целосно безбеден“, раскажал ветеранот за телевизијата „Ѕвезда“.
Хмиров нагласи дека ова место и понатаму останува безбедно за руските морнари. Луѓето до ден денес се плашат од легендарниот Бермудски триаголник. Подрачјето меѓу Бермудите, Флорида и островот Порторико во Атлантскиот Океан, површина од околу 1140 квадратни километри, отсекогаш ги плашело морепловците и рибарите.
Записите за исчезнатите бродови во водите датираат уште од 15. век, а наводно и самиот Кристофер Колумбо на својата пловидба кон Новиот свет во 1492 година забележал чудни светла над тоа подрачје.
Според непотврдената статистика, во тој дел на океанот досега исчезнале 8.152 лица. И покрај тоа што внатре во појасот на Бермудскиот триаголник се забележани низа на исчезнати бродови и авиони, од кои голем дел од нив и никогаш не се пронајдени, службените статистики на осигурителните друштво покажуваат дека на тоа подрачје не постои голема опасност.