(Видео) Метеор прелетал над Вермонт во САД

Во неделата вечер била забележана огнена топка како лета над Вермонт во Сад и делови од Канада, со брзина од околу 67 000 км / ч.

Одделот за следење метеори на агенцијата NASA,  на социјалните мрежи објави дека околу 17 часот и 38 минути по локално време, околу стотина луѓе виделе метеор, односно огнена топка тешка околу 10 килограми, со дијаметар од шест сантиметри.

Метеор е метеороид кој влегол во атмосферата на Земјата. Кога проаѓа низ атмосферата остава многу светла трага на светлината, што се нарекува огнена топка.

„Немаше звук. Бев многу возбуден кога го видов, никогаш нема да го заборавам”, рече Ал Грегорич од Јужен Бурлингтон, пренесува Си-ен-ен.

 

Одделот за следење метеори на NASA  наведува дека многу веројатно станува збор за фрагмент од астероид.

„Веројатно дошло до насилна фрагментација на вселенската карпа по што воздушниот притисок при експлозија или распаѓање на астероидот предизвика треперење на објекти на Земјата“, соопшти агенцијата.

„Бранот предизвикан од воздушниот притисок можел да предизвика помали потреси. Во основа, поради љубезноста на мајката природа, имавме убав мал огномет“, додава Грегорич.

Резидентите на Бурлингтон изјавија дека слушнале силен татнеж по што почувствувале морници, пишува ABC 7.

Scroll to Top