Научниците од Универзитетот Илиноис спроведоа студија во која учевствуваа 376 љубовни парови. Тие се обидоа да дознаат како менуваат чувствата кај луѓето со текот на времето и го посматраа секој пар околу 9 месеци.
Како резултат на експериментот, идентификуваа четири типа љубови парови. Секој пар се менуваше со текот на времето, а еве какви се нивните заклучоци.
1. Конфликтни, но страствени
Ова е вашиот тип на врска ако:
- поминувате многу време заедно;
- вашите средби се секогаш бурни и страствени;
- често се расправате и страствено се помирувате;
- нивото на вашите чувства постојано се менуваат;
- ќе избегате на кратко, па почнувате да си недостигате еден на друг и веднаш трчате еден кон друг во прегратка.
Ваквите парови се секогаш во фазата „сѐ е е комплицирано“, но не раскинуваат почесто од другите парови.
2. Љубители на драма
Ова е вашиот тип на врска ако:
- имате многу растови и падови во врската;
- донесувате одлуки засновани врз негативни искуства од минатото или животот вон границите на врската;
- повеќето време кое го поминувате заедно, разговарате за врската;
- слободното време пре би го поминале раздвоено, секој со своите пријатели;
Овие парови раскинуваат два пати почесто од другите парови. Помалку од половина парови кои учествувале во експериметот завршиле со брак.
3. Парти манијаци
Ова е вашиот тип на врска ако:
- почесто комуницирате преку социјалните мрежи;
- друштвени сте и имате многу пријатели со кои заедно се дружите;
- за вас идеална вечера е коха играте монопол со пријателите, заедно подготвувате вечера или останувате на журка до зори.
Ваквите врски се прилично силни затоа што се засновани на пријателски чувства. Се венчале 2/3 парови кои учествувале во експериментот.
4. Насочени еден кон друг
Ова е вашиот тип на врска ако:
- поминувате многу време заедно;
- имате заеднички хобија и интереси;
- донесувате одлуки кои ќе допринесат за развој на вашата врска;
- имате исти ставови по прашање за тоа каде и како да го поминете одморот;
- се обидувате да ги решите конфликтите со барање компромис.
Се испоставило дека ваквите парови се најсреќни: 90% од нив создале силно семејство.
Што заклучиле научниците?
Врз основа на резултатите од студијата, научниците дошле до прилично јасни заклучоци.
Конфликтните, но страствени парови бргу горат. Постојатните борби помеѓу љубителите на драма исто така водат кон разделба. Парти манијаците и паровите насочени едни кон други, во повеќето случаи создале силни семејства.
Секако, идеална формула не постои и секој сам одлучува како ќе сака. Сепак, ако разберете кој тип е вашата врска, можете да ја смените на подобро.