Српската пејачка Елма Синановиќ, по долга медиумска пауза, се врати на сцената со нова песна. Елма поднела и кривична пријава против директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ, за кражба и кривично дело затајување данок во нејзиниот случај, а тврди дека нема да се откаже од судска постапка.
„Ќе трае тоа уште долго. Не се откажувам, сметам дека правдата треба да биде задоволена. Што ќе постигнам и колку – не можам да знам. Она што е до мене, ќе се потрудам да дојде на свое. Забележав дека и неколку мои колеги поведоа тужба против него, изгледа повлеков нога“, изјавила Елма.
View this post on Instagram
Таа додава дека има многу неправди на естрадата, но нејзе една и единствена ѝ била нанесена од Саша Поповиќ.
„Издадов три албуми за неговата продукциска куќа, ни денар не добив. Од дигиталните платформи се ми зеде, како на бизнисмен му се восхитувам, но како човек – ми се гади од него“, вели пејачката.