Официјално излезе видеозаписот за песната „Локо, локо“ на групата „Хурикејн“, која ќе ја претставува Србија на Евровизија 2021. Автор на видеозаписот е познатиот режисер Дејан Милиќевиќ.
Девојките од групата „Хурикејн“ под видеоспотот им се заблагодарија на сите што помогнале да се изработи овој проект.
„Големо благодарност до сите луѓе што учествуваа во изработката на песната и спотот. Се надеваме дека ќе ја претставиме нашата земја на најдобар можен начин. Ние ќе дадеме сè од себе да ви го дадеме најневеројатниот перформанс на Евровизија годинава. Уживајте во слушање на оваа песна колку што уживавме додека ја правевме“, напишаа тие под објавата.
„Хурикејн“ најпрвин објави тизер за да го најави излегувањето на спотот, но во коментарите веднаш се појавија негативни критики. И не поради песната, туку поради самиот спот, чиј автор е Милиќевиќ.
„Спот на ‘ураганки’ изгледа евтино. Бугарска продукција, т.е. Дејан Милиќевиќ 100 %. Слабо ја препознавам музиката, но го препознавам стилот на Дејан Милиќевиќ. Секогаш има некоја доза футуризам мешана со невкус“, се само некои од негативните коментари.
Коментариве не му се допаднаа на Милиќевиќ, кој порача да се видат во огледало пред да коментираат.
„Едвај чекав ‘хејт-клубот’ да ги растегне своите прсти, да ја напрегне само едната мозочна жица што ја има за да ја хејта мојата работа за спотот на групата ‘Хурикејн’. Првин пред огледало, па потоа гледајте во својот двор“, напиша Милиќевиќ.
View this post on Instagram
/www.instagram.com/embed.js”>
View this post on Instagram