Лепа Брена открива дека ѝ е тешко да ги издржи многуте мерки и ситуацијата предизвикана од пандемијата, но и дека се вакцинира против коронавирусот.
Имено, поради тромбоза, пејачката припаѓа на ранливата група, па затоа мора дополнително да се грижи за себе.
„Одамна научив дека проблемите треба да се решат со студена глава. Јас не сум паничар. Кога првпат наидов на тромбозата, научив сè и бев редовен пациент. Живеев така, знам што не треба да се пие и да се јаде, но и како треба да се води животот според здравствените правила“, изјави таа за српската верзија на списанието „Стори“.
Таа додаде дека животот ѝ паѓа тешко во т.н. ново нормално, но дека се обидува да живее според правилата.
„Научив да живеам според правилата и да бидам среќна. Ова со сите безбедносни мерки поради вирусот е ментален напад врз сите нас. Ова социјално растојание за мене е емоционално растојание од сите луѓе што ги сакате, кои не можете дури ни да ги прегрнете. Многу ми е тешко. Јас бев вакцинирана затоа што тоа е апсолутна категорија на заштита и без тоа нема патување или комуникација. Кој сака да биде осамен, нека избере што сака. Светот живее и функционира според правилата и ние мора да се вклопиме во нив“, рекла таа.