Астероид со големина на познатиот мост во Сан Франциско, Голден Стејт, ќе помине покрај Земјата, на 21 март во 17.02 часот, поточно на вториот ден од пролетта. Тоа ќе биде најголемиот и најбрз астероид кој ќе помине во близина на нашата планетата во 2021 година.
НАСА го означи астероидот со бројка 231937, а е познат и како 2001 F032. Тој е шрок меѓу 400 и 700 метри, а околу Сонцето ќе помине за 810 дена, пренесе CBS news.
Ова небесно тело е помало во однос на претходното, на кое НАСА му обрна особено внимание и ќе помине покрај Земјата на растојание три пати помало во однос на претходниот астероид, изјавија од НАСА во четвртокот, пишува Курир.рс.
Астероидот ќе помине на два милиони километри од Земјата на 21. март во 17.02 часот, на само еден ден по доаѓањето на пролетта. Растојанието од два милиони километри, според квалификациите на НАСА, се смета за потенцијално опасно, во базата на податоци за астероиди, кои мораат да бидат со пречник поголеми од 150 метри.
Брзината на астероидот е со 77.000 милји на час, односно околу 124.000 километри на час, односно, 34 километри во секунда, што е еден од најбрзите вселенски објекти, кои некогаш минале покрај Земјата.