Вируозот на гитара, Влатко Стефановски, со емотивна порака се прости од тапанарот Драгољуб Ѓуричиќ, кој почина на 68 години од коронавирус. Влатко објави две црно-бели слики од времето кога заедно со Ѓуриќ свиреа во легендарните „Леб и сол“.
„Со длабока тага во моето срце го споделувам ова. Мојот колега, брат, голем пријател и ангел чувар, Драгољуб Ѓуричиќ нè напушти. Почивај во мир драг Драгољуб“, напиша Влатко.
Ѓуриќ почина во Белград од Ковид-19. По неговата смрт, бројни обожаватели, пријатели и јавни личности од целиот Балкан му оддадоа последна почит на познатиот музичар.
View this post on Instagram