Во последната епизода од документарниот филм „Фароу против Ален“, во кое се зборува за мрачното минато на популарниот режисер Вуди Ален, се говори и за неговото пријателство кое тој го имал со осудениот милијардер и педофил Џефри Епстајн.
Во документарецот говори и неговата девојка Мија Фароу, која веќе подолго време говори дека Вуди сексуално ги искористувал неговите посвоени ќерки. Во документарецот, покрај Мија, говори и една од неговите ќерки Дилан и нејзиниот брат Роман
Досега официјално, судско обвинение никогаш не беше покренато, а сестрата на Вуди во писмена форма, го нарече документарецот „изделкана работа полна со невистини и лаги“.
Кирби Дик и Ејми Зиринг, одговорните за снимањето на документарецот изјавиле дека сестрата на Вуди не треба да се крие зад напишаното и дека треба јавно да излезе пред камера и да ја каже нивната страна од приказната.
„Ако немавте што да криете, а тие навистина така злобно лажат против вас, зарем не би сакале да разговарате со новинарите? Од што се плашите?, изјавил Зиринг за „Дејли бист“
По прекинот на врската со Мија, во 1997 година Вуди Ален се ожени со Сун-Ји – нејзината постара посвоена ќерка. Тие двајца одбија да учествуваат во документарецот и ги отфрлија новите обвинувања од Мија Фароу.