Врежано ни е мислењето дека тмурните денови прават да се чувствуваме нерасположено, но постојат и научни објаснувања зошто лошото време и дождот влијаат негативно врз нас.
Верувале или не, дождливите денови навистина можат во потполност да ни го расипат расположението. Доколку додека врне дожд се чувствувате лошо или како да немате доволно енергија, тоа не е само затоа што сте си замислиле дека е така. Лошото време навистина негативно влијае врз расположението и емоциите.
Според истражувањата на клиничкиот психолог од Сан Франциско, Тес Еванс, речиси 9 проценти од испитаниците спаѓаат во категоријата „луѓе кои не сакаат дожд“, а нагласиле дека многу подобро се расположени во деновите кога не врне.
Исто така, друго истражување на психијатарот Јулија Самтон покажало дека дождот драстично влијае врз бројни негативни и депресивни објави на социјалните мрежи.
Значи, многу е честа појавата на тага и недостатокот на самодоверба која времето е облачно и дождливо. Исто така, доколку ви се чини дека со промената на времето добивате и главоболка, сосема е можно да сте во право.
Промените на притисокот можат да ви предизвикаат главоболки, па важно е да бидете свесни доколку се прашувате „зошто сега имам мигрена“. Воздушниот притисок влијае врз вашето тело.
Со самото тоа, имајќи предвид дека синусните канали се исполнети со воздух, секоја промена во атмосферата може да доведе до појава на главоболки, покажаа бројни студии.
Што можете да направите?
Доколку сакате да изгасите светло и да се вратите во кревет, тоа е последната работа која би требало да ја направите. Запалете светло, пуштете музика. На тој начин ќе го зголемите лечењето на серотонин кој го поправа расположението, советуваат експертите.
Опкружите се со луѓе кои позитивно влијаат врз вас.
Правете работи кои ви годат. Разговарајте со блиските личности, погледајте некоја забавна комедија, играјте игри или читајте книга.
Исто така, многу стручни лица советуваат вежбање. Тренингот ќе ве направи повитални и ќе го зајакне лачењето ендорфин кој го подобрува расположението.