Градот Чикаго и оваа година ја обои реката зелена за да го прослави популарниот ирски празник Свети Патрик на 17 март. За да го ограничат излегувањето на луѓето на улиците поради пандемијата, властите јавно не кажаа дека ќе ја продолжат долгогодишната традиција на боење на реката. Дури кога поголемиот дел од водата стана зелен, преку „Твитер“ открија дека прославата на Свети Патрик ќе се одржи симболично.
„Среќен викенд по повод Денот на Свети Патрик, Чикаго. Иако не се собравме како секоја година, решивме да ја испочитуваме долгогодишната традиција боејќи ја реката Чикаго во зелена боја. Ако излегувате денес за да ја видите водата, не заборавајте да носите маска и држете дистанца“, напиша градоначалничката Лори Лајтфут.
Ова дојде откако градските власти неколкупати јавно кажаа дека не планираат реката да се обои оваа година. Подоцна се извинија, оти сакале да ја испочитуваат традицијата, но и граѓаните да бидат безбедни. Парадите за Денот на Свети Патрик во Чикаго се откажани втора година по ред поради короната.
„Св. Денот на Патрик е едно од најголемите периоди од годината во Чикаго, но како што влегуваме во втората година од оваа пандемија, нашата прослава мора да изгледа различно од типичните години“, изјавија градските власти.
Happy St. Patrick's Day Weekend, Chicago! ☘️
Although we didn’t gather, we were able to honor long-standing tradition by dyeing the Chicago River green, thanks to the Chicago Journeymen Plumbers. If you're heading out today, make sure to mask up and watch your distance. pic.twitter.com/UfU2GI74nC— Mayor Lori E. Lightfoot (@chicagosmayor) March 13, 2021