Полицаецот Мехмет Али Булут, кој бил дел од претседателското обезбедување на Речеп Таип Ердоган, е откриен мртов во неговиот стан во вторникот, а истрагата покажала дека станува збор за самоубиство, пренесуваат турските медиуми.
Неговите колеги го откриле неговото тело, кога отишле во неговиот стан да проверат зошто се нема појавено на работа, а телефонот му бил исклучен. Мехмет оставил проштално писмо во кое открил дека бил мелтретиран од неговите шефови.
„Изгледа дека единство добро умеат да го навредуваат својот персонал, да му се закануваат, да го отпуштаат, да го понижуваат и на крајот да ги нарекуваат лажговци. Секој човек има гордост и не можев повеќе да ги трпам тие зборови“, напишал тој.
Телохранителот на Ердоган цитирал две лица со иницијали Ц.Б. и А.О. на кој им порачал: „Би сакал добро да се однесувавте кон своите вработени и да ги прашате како се“.
Жртвата исто така напишала дека не сакал шефовите да му присуствуваат на погребот. Единствено еден шеф на полиција можел да се појави.
Заменик претседателот на опозиционата Републиканска народна партија (CHP) Мурат Бакан, поднел во парламентот прашање до министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, колку полицајци извршиле самоубиство.
Тој ги споменал имињата на уште двајца полицајци, Халила Акаиа и Етем Дамдевирен, кој извршиле самоубиство во јануари, односно март.
„Овие деца беа во најдобриот период од својот живот и сакаа да станат полицајци, а потоа извршија самоубиство. Што ги натерало да се откажат од сопствениот живот?“, прашал заманикот во обраќањето до Сојлу.
Бакан изјавил дека во сите случаи со полициски самоубиства, кои денес станале јавни, полицајците се жалеле на вознемирување од надредените и прашале дали се истражени имињата на полицајците кои биле цитирани во нивните проштални белешки.