Шнајдерите и костимографите први ми притрчаа на помош: Ивана Петерс шест години по инфарктот среде емисија

Српската пејачка Ивана Петерс која е дел од групата „Негатив“, проговори за еден од најтешките периоди во својот живот – кога доживеа срцев удар среде снимање емисија.

За среќа, пејачката, позната по одличниот вокал  денес се чувствува добро, но како што вели – „никогаш повеќе иста“.

Таа на социјалната мрежа Инстаграм, сподели фотографија под која што напиша емотивна порака:

„Шест години од инфарктот. Колку бев слаба и силна во исто време. Никогаш повеќе иста. Претпоставувам дека така оди тоа. А, и бев како манекенка, извесно време потоа .  Љубов за сите коишто беа покрај мене, на моите, а и на сите пријатели кои искрено се загрижија и ми праќаа позитивни мисли“, напишала Ивана во својата објава на социјалната мрежа Инстаграм.

Пејачката потоа објаснила како настанале фотогафиите, кои, во склоп на тој текст, ги објавила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana (@ivanapeters)

„Првите две фотографии се од снимањето на емисијата на РТС, направени половина час пред непријатниот настан. Шнајдерите и костимографите – мојата прва помош. Другите се непосредно по излегувањето од болницата“, напишала Петерс.

Инаку, пејачката и претходно за медиумите зборуваше за тоа како се чувствувала кога животот ѝ го нанел тој тежок удар.

 

ФОТО: Инстаграм

групаивана петерсинфарктнегативпејачкасрцев удар
752
Сподели
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

 

 

ПРЕТХОДНО

Општините ќе добиваат повисок процент од ДДВ и персоналниот данок од доход

СЛЕДНО

Почнува откупот на вишокот произведен тутун

Поврзани содржини
ИЗБОР
Петрушевски: Одморот на Николовски „Путерот“ и Рашковски во Дубаи и Мексико чини 200…

ИЗБОР
Прележаните на своја рака примаат една или две дози од вакцината против ковид-19

ИЗБОР
Сметлана – група златни луѓе кои го собираат скопското ѓубре

 

Scroll to Top