Американската пејачка, Деми Ловато со објавен трејлер, на 23 март, ја најави премиерата на документарната серија „Demi Lovato: Dancing With the Devil“, серија во која пејачката открива шокантни детали од својот живот.
Во неколкуте епизоди, Деми освен што открива дека долго време била зависник од хероин, раскажува уште неколку морничави детали за ноќите кога се предозирала, но исто и дека по враќањето од рехабилитација, повторно се враќала на лошите навики и консумирала наркотици.
На сцената за време на концертот во март 2018 година со диџеј Калед, откако прославила шест години трезвеност, Деми повторно почнала да се дрогира и да пие.
Во јули истата година, поп – sвездата беше пронајдена во безсознание во нејзиниот дом во Лос Анџелес по што поминала две недели во центар за рехабилитација.
„Не знам ни зошто сум трезна повеќе. Јас сум толку мизерна. Јас не сум среќна. Ги имам сите оние работи со кои се занимавам“, се присети во документарецот таа. „Тогаш земав шише црвено вино и не поминаа ни 30 минути а веќе повикав некој што го познавав и што има дрога“, додаде Деми.
„Случајно налетав на мојот стар дилер на дрога од пред шест години и едноставно почнав да се дрогирам“ – објасни таа. „Таа ноќ земав дрога што никогаш претходно ја немав конзумирано. Пробав мет, а хероин и крек кокаин почнав да користам рекреативно, но очигледно не можете да го направите тоа со хероинот затоа што веднаш станувате зависни“, детално откри пејачката.
За време на патувањето на Бали, таа сфатила дека веќе е „физички зависна“ од хероин, што ја натерало да го напише својот хит сингл „Sober“ од 2018 година.
Иако успела да ја држи зависноста под контрола за време на светската турнеја, Деми открива дека повторно почнала да користи дрога кога се вратила во Лос Анџелес и дека ниту нејзиното семејство ниту пријателите не знаеле за тоа.
„Мислам дека луѓето не сфаќаат колку беше лошо сето тоа“, рече Деми, продолжувајќи со шокантни детали.
„Имав три мозочни удари, имав срцев удар, претрпев оштетување на мозокот од трите мозочни удари“, објасни таа. „Не можам да возам и имам слепи точки во видот, па затоа понекогаш, кога одам да си наполнам часа вода чаша вода, целосно ја пропуштам чашата, бидејќи повеќе не ја гледам. Имав и пневмонија, затоа што се загушив и имав повеќекратно откажување на органите.“
Пејачката признала дека и после сето ова продолжила со конзумирањето, но овој пат сватила дека не смее повеќе да крие од најблиските и побарала помош.
„Би сакала да кажам дека тоа беше последниот пат кога земав хероин, но не беше“, призна Деми и додаде: „Помислив, како е можно да ги земам истите работи што ме однесоа во болница? Но овој пат решив повеќе да не кријам и да побарам помош“ .
„Она што луѓето не го знаат за ноќта кога се предозирав, е дека јас не само што предозирав, туку бев и искористена“ – рече Деми во втората епизода, продолжувајќи да го обвинува нејзиниот неименуван дилер на дрога дека ѝ го дал тоа „што требало да биде фентанил“.
„Кога ме најдоа, јас бев гола, бев помодрена, буквално останав мртва откако тој ме искористи. И кога се разбудив во болницата, тие ме прашаа дали сум имала секс што го сакам. Реков да“, се присети таа.
Но, еден месец подоцна, Деми сфатила дека е „неспособна да донесе одлука“ и „таквата траума не поминува преку ноќ или преку рехабилитација“ и затоа решила да се соочи со вистината.
Ловато првично снимаше документарен филм кој требаше да ја сними нејзината светска турнеја во 2018 година, но проектот беше трајно одложен по нејзиното фатално предозирање со дрога.