(Фото) За улогата во филмот „Гучи“, Џаред Лето се трансформирал до непрепознатливост

Во Милано во тек е снимањето на филмот „Гучи“, а италијанските папараци овој пат го  уловија актерот Џаред Лето во непрепознатливо издание.

Американскиот актер и музичар Џаред Лето во моментот е во Милано и снима за филмот „Куќата на Гучи“, на режисерот Ридли Скот, филм за фамилијата Гучи.

Пејачот на рок-бендот „30 Seconds to Mars“, Лето, за улогата на Паоло Гучи, во една од најдраматичните приказни во модниот свет, во 20. век, се трансформирал до непрепознатливост.

Џаред на сетот е во одело и мокасини, со ќелавата глава и тоталната промена на ликот.

 

Инаку, Паоло Гучи чиј лик го игра актерот бил една година потпретседател и директор на познатата модна куќа „Гучи“, додека неговиот вујко Рудолф не се одалечил од тоа работно место во 1978-та година, бидејќи на сила сакал да спроведе модернизација.

Паоло починал во 1995 година од хроничен хепатитис во 64-та година од животот.

Инаку, во овој биографски криминалистички филм глуми и пејачката Лејди Гага и актерот Адам Драјвер. На Гага и припадна улогата на Патриција, додека Маурицио го игра Адам Драјвер.

Scroll to Top