Поп-ѕвездата Били Ајлиш веќе нема црно-зелена коса. Таа на „Инстаграм“ се пофали дека е русокоса и за неколку часа собра 18 милиони лајка од фановите. Таа уште во декември најави дека е подготвена за промена.
„Ја менувам фризурата по излезувањето на документарецот The World’s a Little Blurry“, рече тогаш[ Ајлиш.
Младата пејачка, која втора година по ред освои неколку Греми-награди, од почетокот на кариерата беше препознатлива по зелената боја на косата.