Полицијата во Украина го испитува случајот на осумгодишната Милана Мила Маханец, блогерка со над половина милион следачи, која е во врска со 13-годишно момче, исто така познато на социјалните мрежи. Тие објавуваат фотографии на кои страсно се бакнуваат, па дури и спијат во ист кревет. Мајката на Милана, Дарја, преку „Инстаграм“ ја поддржа нивната врска, со коментар дека „тоа е нивниот живот и тие самите мораат да сфатат што и како“.
Според психолозите, се работи за пример кој покажува како децата се хиперсексуализираат во денешниот свет на социјални мрежи, лајкови и виртуелна реалност во која живеат младите генерации. Експертите предупредуваат дека примерите како овој, кои добиваат огромен публицитет, влијаат лошо врз стотиците илјади следачи на девојчето, кои тоа однесување ќе го видат како нешто кон кое треба да се стремат.
Дел од експертите го покренаа и прашањето на безбедноста на девојчето со објавувањето на фотографиите, посочувајќи дека самата сексуализација на нејзиниот изглед, провокативноста и начинот на кој таа се однесува ја прават потенцијална мета за сексуални предатори. Миланка веќе пишувала дека многу постари мажи ѝ пишуваат и сакаат да се запознаат со неа.