Израелскиот парламент одобри закон кој налага задолжително носење електронска алка за сите што влегуваат во Израел или се во карантин поради коронавирусот.
Според новиот закон, луѓето што ќе бидат испратени во домашен карантин, ќе мора да носат алка за следење за властите да се осигурат дека тие нема да го напуштаат домот. Ако одбијат, тогаш мора да одат во карантин во државен хотел.
„Секој што е во карантин поради коронавирусот во Израел или секој што ќе пристигне од одредени земји и е должен да биде во карантин, ќе треба да се изолира дома со електронски уред за следење за да се осигуриме дека останува во изолација за време на траењето на задолжителниот карантин“, соопшти израелскиот парламент.
Алката ќе ја следи локацијата на корисникот преку Bluetooth и GPS-технологија и ќе се поврзе со нивниот мобилен телефон. Мониторот на аката ќе ги извести властите доколку луѓето го прекршат задолжителниот период на изолација.
Доколку патниците покажат доказ дека биле вакцинирани против Ковид-19 или дека веќе оздравеле, тие ќе бидат ослободени од карантин по направен серолошки тест.
Израелските критичари, вклучително и единствениот пратеник од опозицијата, изјавија дека тоа ја нарушува приватноста на поединците.
Israel to use electronic tracking bracelet to enforce quarantine measures https://t.co/gBI59Rq9aQ
— Newsweek (@Newsweek) March 17, 2021
Истовремено, Врховниот суд на земјата укинал мерки со кои се ограничува влез и излез на израелските државјани од земјата истакнувајќи дека тие ограничувања се незаконски. Во Израел постои пропис со кој се ограничува бројот на лица што дневно влегуваат во земјата на максимум 3.000 лица.
Изралците што во моментот не се вакцинирани од разни причини не може да ја напуштат земјата.
.