„Исфрлете ја Карлеуша од жирито“ – пејачката си навлече гнев кај гледачите на „Гранд“

По дисквалификацијата на Вања Кнежевиќ од „Ѕвездите на Гранд“ поради Јелена Карлеуша, сега има нов проблем. Фановите бараат да ја избркаат Карелуша и таа да не е повеќе член на жирито. Откако кандидатката Вања рече дека Јелена Карлеуша лаже и лажно ја обвинува дека таа го пцуела жирито, сега гневот е уште поголем на социјалните мрежи. Гледачите на „Гранд“ наголемо бараат Јелена да си замине од шоуто, а се јавија и други кандидати, кои се жалат поради нејзините јавни напади во шоуто претходно.

За исфрлувањето на Вања од шоуто се пишуваше наголемо, а многумна велат: Некој мора да ја спречи Јелена Карлеуша да демонстрира сила против децата и луѓето што се таму за да се натпреваруваат. Следуваа коментарите: Единствената што треба да биде исфрлена е Јелена Карлеуша. Шоуто е супер без Јелена, нека си оди…

Карлеуша, пак, вели дека навредата што ѝ ја кажала на Вања дека изгледа како тетка не е, всушност, навреда, но некои решија да потсетат како таа ја навредуваше и Сека Алексиќ, а не само кандидатите.

 

Scroll to Top