(Фото) Кајли Џенер покажа дека малите гради се секси, а розовата долната облека изгледа невино

Најмладата милијардерка на светот, Американката Кајли Џенер, се соблече во розова долна облека од тантела за да го рекламира новото масло за сончање за ова лето.

Најмладата од сестрите Кардашјан-Џенер со модната комбинација ги освои симпатиите на фановите и им покажа дека и малите гради се секси, а и дека розовата долната облека може да изгледа невино.

„Проверете дали сте си набавиле масло за сончање на ‘Кајли-козметикс’. Летото ќе биде тука пред да забележиме. Ова е мојот омилен начин да се чувствувам секси додека останувам заштитена“, напиша Џенер под фотографиите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner)

Реалната ѕвезда објави и фотографија со сестра си Кендал, на која и двете имаат екцентрична шминка, со што го најави новото мејкап-видео на својот јутуб-канал.

„Ново видео на мојот канал. Гледајте го мојот нов Drunk Get Ready With Me со Кендал Џенер за да видите како ги добивме овие прекрасни изгледи“, напиша Кајли под неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner)

 

Scroll to Top