(Видео) „Хакери се виновни за сопнувањето на Бајден“ – Русите се шегуваат на сметка на претседателот на САД

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, се пошегува на американскиот претседател Џо Бајден и инцидентот додека се качуваше по скалите. Бајден три пати се сопна додека се качуваше во претседателскиот авион.

Откако претставничката на Белата куќа Карин Жан Пјер објасни дека навор било ветровито и дека затоа Бајден паднал, Захарова само кратко коментирала дека чудо е како не биле руски хакери.

„Чудо е како не беа тоа руски хаери, предводени главно од уредничката телевизија на „Раша Тудеј“, туку само ветерот“, напиша таа на „Фејсбук“.

За потсетување, за време на полетувањето за Атланта, Бајден три пати се сопињаше додека се качуваше по скалите во претседателскиот авион. Во еден момент падна и на колена, но брзо се дигна. Пјер подоцна објави дека со претседателот сè е во ред и дека се чувствува добро.

 

(Видео) Бајден падна по скали качувајќи се во авион

Scroll to Top