(Видео) Руски планинари печеле колбаси на вулканска лава

Храбри планинари од Русија станаа хит на социјалните мрежи, затоа што јадеа колбаси испечени на вулканска лава.

Тие се качиле на вулканот „Кључевскаја Сопка“, кој се наоѓа на Камчатка, кој целото локално население го смета за свето место. Од вулканот секоја година се случуваат ерупции, па така и додека планинарите се качувале, неодамна исфрлената лава се ладела.

Гладните планинари нашле место каде што лавата сè уште била жешка, ги извадиле колбасите и ги испечиле на неа, а видеото го објавиле на социјалните мрежи.

 

Scroll to Top