Лана Дел Реј по една година одложување го промовираше новиот албум

Американската пејачка Лана Дел Реј го издаде новиот студиски албум наречен „Chemtrails Over the Country Club“, речиси една година откако го откри неговото име.

По објавувањето на албумот „Norman Fucking Rockwell!“ во 2019 и ланскиот „Violet Bent Backward Over the Grass“, новото издание ги вклучува претходно објавени песни „Let Me Love You like Woman“ и песната по која беше именуван албумот, „Chemtrails Over the Country Club“.

Повеќето песни од албумот ги произведе Џек Антоноф, а во него има вкупно 11 песни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lana Del Rey (@lanadelrey)

Како најава на „Chemtrails“, Дел Реј ја изведе песната „Let Me Love You like Woman“ во шоуто „The Tonight Show“ на Џими Фалон во декември.

Само два дена по објавувањето на новиот албум, пејачката на социјалните мрежи, на 1 јуни, го најави објавувањето на уште еден албум наречен „Rock Candy Sweet“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lana Del Rey (@lanadelrey)

 

 

Scroll to Top