Нов европски филмски предизвик: oсвој најмногу поени и отпатувај на црвениот тепих во Кан

На 8 март започна новиот европски филмски предизвик #EuropeanFilmChallenge за сите филмофили и љубители на инди киното, а ќе трае до 17 мај. Учесникот со најмногу освоени поени ќе отпатува на црвениот тепих во Кан, на Канскиот филмски фестивал 2021.
Европскиот филмски предизвик (European Film Challenge) е иновативна дигитална платформа што ја поврзува најголемата заедница на љубители на европскиот филм и ја промовира европската кинематографија.

Предизвикот бара од учесниците во временски периот од 10 недели да изгледаат 10 европски филмови на репертоарот во кино-салите, во рамки на локалните филмски фестивали, на телевизија или на некоја од легалните видеостриминг платформи.

Љубителите на филмот можат да се вклучат во предизвикот со регистрација на https://europeanfilmchallenge.eu/mk/, а исто така постојано да ги следат социјалните медиуми, „Фејсбук”и „Инстаграм” и да уживаат во неделите кои следуваат, со многу нови и стари европски филмски остварувања, препораки, содржина од зад камерите и игри. Секој внесен филм на платформата на учесникот во предизвикот му носи различни поени. Своето искуство учесниците треба да го споделат со фотографија од својот билет, или со фотогарфија како гледаат филм дома, сами, со најблиските или со друштвото. Фотографиите треба да ги споделат на социјалните мрежи под хаштагот #EuropeanFilmChallenge, со што стануваат потенцијални победници на овој предизвик.   На крај учесникот со најголем број поени ќе добие можност да ја доживее еуфоријата на Канскиот фестивал.

Во случај фестивалот да биде откажан поради ситуацијата со вирусот Ковид-19 или доколку постојат рестрикции за патување победникот ќе добие Home Cinema Experience пакет. European Film Challenge е млада филмофилска заедница на вљубениците во европскиот филм желни да го доживеат киното од првите редови преку содржини од зад сцената, филмски препораки и ексклузивен пристап до европските филмови и фестивали – Берлинале, Кански филмски фестивал и Венеција филм фестивал.

Scroll to Top