(Видео) Во Сибир пронајден уникатен дијамант стар 800 милиони години

Во Сибир е пронајден првиот дијамант кој во себе содржи уште еден дијамант кој се движи слободно. Во историјата на ископување на скапоцени камења не е видено ништо слично досега.

Уникатното откритие е пронајдено во полето Накинско во Саја, а го истражувала компанијата „Алроса“, светски лидер во производство на дијаманти.

Староста на дијамантот се проценува на околу 800 милиони години. Тежок е 0,122 грама и има димензии 4,8 × 4,9 × 2,8 мм.

Руските научници веруваат дека внатрешниот дијамант бил формиран прв, а дека надворешниот се појавил подоцна.

Најинтересно било да се разбере како се формирал воздушен меур помеѓу двата дијаманти.

Постојат две главни хипотези.

Според првата, дијамантите првично биле заробени во рудата, а потоа се раствориле на површината.

Според втората хипотеза, поради ултра-брзиот раст на дијамантот, се формирал слој од порозен материјал, кој потоа бил растворен со поагресивни процеси.

„Ова е навистина уникатна креација“, рече Олег Ковалчук, заменик директор за истражување на иновации во Алроса.

 

 

Scroll to Top