(Галерија) Шик чевли: гломазни мокасини ќе ја одбележат пролетта

Пролетта веќе нѝ дојде и иако времето не наликува на неа, сега е вистинскиот момент да започнеме да се приготвуваме за потоплите денови кои набрзо ќе стигнат. Па така и чизмите и тешките чевли ќе ги замениме со пролетни модели.

Сезонава најновиот тренд се мокасините, кои се дел од уличната мода, и кои ќе бидат хит наредните месеци.

Ако ги погледнеме светските модели, ќе видиме дека жените се сосема опседнати со гломазните мокасини. Овој тип на чевли до неодамна беше резервиран само за момците, но сега е дел и од најстилизираните жени на светот. Овој тип на мокасини на големата врата ги врати „Прада“, а набрзо станаа дел и од останатите модни куќи.

  

Освен што се совршени за фотографирање, овие чевли се многу удобни, а ако пандемијата нѝ донесе нешто добро, тогаш тоа е носењето облека во која навистина се чувствуваме удобно.

Може да се комбинираат со фустани, малку пошироки, совршено одат со широк џинс и во комбинација со широки и долги дуксери и џемпери. Поточно, нема облека со која не може да ги искомбинираме.

За тие што не се љубители на гломазни верзии, обичните мокацини во разни бои се комбинираат си само со чанта и ремен.

 

Scroll to Top