Екипажот и 140 патници на еден патнички авион имале непријатно искуство при слетувањето на аеродромот во Панама. Во моментот на слетување во авионот удрил гром, кој е снимен од екипажот.
Авионот „боинг 737“ летал на височина од речиси 9.000 метри кога во еден момент во него удрил гром, обкјави порталот „Дејли мејл”.
Пилотите летале во темница кога ги изненадил ударот, но сепак успеале мирно и безбедно да го спуштат авионот на аеродромот во Панама.
Еден од авиоинженерите, кој бил во кокпитот, ударот на молњата го снимил со камера.