(Видео) Ослободен бродот „Евер гивен“, кој со денови го блокира Суецкиот Канал

Гигантскиот товарен брод „Евер Гивен“, кој од вторникот минатата недела го блокираше Суецкиот канал, конечно е ослободен.

„Бродот е успешно вратен на својата соодветна позиција утрово во 4:30 часот“, соопшти компанијата на својот „Твитер“ профил.

Според Блумберг, иако спасувачите успеале да го стартуваат бродот, сè уште не е познато кога Суецкиот канал ќе биде отворен за сообраќај.

Товарениот брод, што плови под знамето на Панама, заглави дијагонално преку јужниот дел на Суецкиот канал, Бродот долг 400 и широк 59 метри, по ненадеен налет на силен ветер, се насука во каналот, на место помало од 300 метри, запирајќи го сообраќајот на еден од најфреквентните водни патишта во светот.

Каналот што минува низ Египет е еден од најфреквентните трговски патишта, а блокадата предизвика огромни загуби во десетици милијарди долари.Околу 12 проценти од глобалната трговија минува низ каналот Суец, долг 193 километри.

Тој го поврзува Средоземното море со Црвеното Море и е најкратката морска врска помеѓу Азија и Европа. Алтернативната патека околу ртот на добрата надеж на јужниот врв на Африка трае две недели подолго отколку кога поминувате низ Суецкиот канал.

 

Scroll to Top