Најстариот од осумте внуци на британската кралица Елизабета Втора, Питер Филипс, завршил во полициска станица, откако бил пријавен дека ги прекршил мерките за карантин.
Неговото возило Range Rover, било видено паркирано во петокот, пред куќата на една непозната жена, на 740 километри оддалеченост од неговиот дом.
За потсетување британските власти претходно наредиле целосен карантин со забрана за излегување и патување. Полицајците на крајот изјавиле дека разговарале со Питер, а тој им објаснил дека бил на деловен пат. Тие му издале наредби за понатаму како да постапува.
Питер е првиот внук на кралицата и е 17. по ред за тронот. Тој е еден од оние членови во семејството кои се без титула.