Во заедничката студија на Светската здравствена организација (СЗО) и Кина, за потеклото на ковид-19, е наведено дека преносот на вирусот од лилјак на човек, преку други животни, е најверојатното сценарио за настанување на болеста и дека пропустите во лабораторија е најмалку можна причина, го пренесува „Асошиетед прес“, нацрт извештајот до кој дошол.
Агенцијата наведува дека денес ја добила речиси конечната верзија на извештајот од СЗО, од диломатите со седиште во Женева, кои не сакале да го дадат својот идентитет, затоа што не бил овластен да дава информации пред официјалното објавувње на истиот.
Уште не е познато дали извештајот можеби ќе биде менуван пред да биде објавен, но налозите кои истиот ги содржи, воглавно биле очекувани и оставаат многу неодговорени прашања, пренесува агенцијата.
Тимот на СЗО во извештајот предложил понатамошни истражувања во сите можни правци, поврзани за потеклото на коронавирусот, освен хипотезата дека истиот „побегнал“ од лабораторија.
Истражувачите разгледале четири сценарија по редослед на веројатност. Заклучиле дека преносот преку други животни, е многу веројатен. Оцениле дека директното ширење од лилјаци на луѓе е веројатен, но изјавиле и дека ширењето преку прехрамбени производи „студен ланец“, исто така е можен.
Објавувањето на извештајот бил одложуван повеќе пати, а официјален претставник на СЗО, изјавил на крајот на минатата недела дека очекува тој да биде подготвен за пуштање во јавноста во наредните неколку дена.
Извештајот главно се заснова на посетата на тимот на меѓународни експерти на СЗО во кинескиот град Вухан, град во кој првпат беше откриен ковид-19.
Извор/Курир.рс