Поранешен украински фудбалер осуден на 12 години робија поради шпионажа

Поранешниот украински фудбалер Василиј Василенко, е осуден во Русија на 12 години затвор поради шпионажа. Тој планирал делови од системот PVO-S-300, да ги предаде на украинскиот конгломерат Укроборонпром, соопштиле денес од руската Федерална служба за безбедност.

Утврдено е дека Василенко собирал доверливи воени информации во врска со руските вооружени сили, кои би можеле да и нанесат штета на националната безбедност, ако би биле предадени на друга држава, е наведено во соопштението, пренесува агенцијата TASS.

На крајот на 2019 година, Василенко бил уапсен од страна на службеници на FSB, додека примал делови од системот PVO S-300 за државниот конзорциум „Укроборонпром“, се вели во соопштението на ФСБ.

 

Scroll to Top