Поп пејачот Џастин Бибер, иако има повеќе тетоважи на своето тело, реши да стави уште една и тоа го сподели со фановите.
Џастин објави фотографија на социјалните мрежи, на која тетовира праска на вратот. Најновата тетоважа пејачот ја посвети на неговиот сингл „Peaches“ од последениот албум „Justise“.
Иако доби голем број на позитивни коментари, сепак најмногу се издвои од неговата мајка јавно која го искара во коментарот под слика.
„Зарем веќе немаш доволно?“, напиша таа, заедно со изморен емотикон.
За време на интервјуто за „Sirius XM Hits 1“, пејачот откри дека ќе направи уште една уметност на телото, како мала праска некаде на неговото тело.
„Прво ветив дека нема да ги тетовирам рацете ама има нешто во тоа што сакам да носам костум, а да немам тетоважи на рацете, не знам“, додаде Бибер.
View this post on Instagram