(Видео) Ракетата на Маск експлодира повторно по четврти пат

Четвртиот тест – лет на ракетата Старшип на „Спејсикс“ не успеа и прототипот се сруши, потврди на „Твитер“ основачот на компанијата Илон Маск.

„Нешто важно се случи“ за време на спуштањето, напиша тој, по трите претходни неуспешни обиди.

„Ќе дознаеме што се случило кога ќе ги истражиме остатоците подоцна во текот на денот“, рече Илон Маск, додавајќи на шега: „Барем кратерот е на добро место.“

Третиот прототип на ракетата Старшип на американската вселенска компанија „Спејсикс“ експлодираше на почетокот на март, по она што се чинеше како успешен лет и слетување. Претходните два тест лета завршија со пад при слетувањето.

 

Основачот на приватната вселенска компанија„ Спејсикс, милијардерот Илон Маск, ја развива следната генерација на ракети Старшип со цел заминување на Марс и Месечината, за да ги направи летовите во вселената подостапни за луѓето.

Тест – лансирањата се одвиваат во речиси пуста област изнајмена од Спејсекс во јужен Тексас недалеку од границата со Мексико и покрај Мексиканскиот залив.

Оваа област е доволно голема и празна за евентуална несреќа или експлозија да не предизвика штета или жртви.

И покрај неуспесите, Спејсекс собира вредни податоци што ќе му овозможат забрзување на развојот на вселенската програма, велат експертите.

Scroll to Top