Доколку цела зима бевте вредни и вежбавте, тогаш ова лето е вистинското време да се пофалите со резултатите, односно да му го покажете на светот вашето рамно и стегнато стомаче.
Краткиот топ, кој го открива папокот, е дефинитивно хит на сезоната, а се носи во сите можни комбинации – со шорцови, долго здолниште во цветен дезен, фармерки со висока половина…
Видете како ѕвездите решија да го комбинираат!