Турскиот актер и пејач, Озкан Денис, кој на македонската публика ѝ е познат од турските серии, може да заврши во затвор за насилство врз својата 20 години помлада поранешна сопруга Фејза Актан.
Како што пишуваат турските медиуми, истрагата за случајот е завршена и Обвинителството поднело тужба против Озкан, во која се бара затворска казна од шест месеци до еден и пол година.
Фејза рече дека актерот ја истепал неколкупати, а првпат тоа се случило пред три години во нивната куќа во областа Сарјер.
Таа откри дека насилен инцидент се случил и додека биле во Германија, а според турските медиуми, дадилката на синот на поранешните сопружници, нивен заеднички пријатели и сестрата на Фејза сведочеле пред судот во нејзина корист.
Озкан рече дека обвинувањата на неговата поранешна сопруга не биле вистинити и тој не ги прифаќа.
Манекенката Актан ги достави како доказ наодите од болницата од јуни 2019 година, на кои пишува дека е полесно повредена и појасни дека иако не пријавила на тој датум, наодите се од малтретирањата на актерот.
На крајот на јануари 48-годишниот актер објави фотографија со својот син на „Инстаграм“, а откако почна целата ситуација, тој ја забрани опцијата за оставање коментар на неговиот профил.
Дениз и Актан се разведоа по 15 месеци брак во 2019 година. Поранешниот пар го дели старателството над синот Кузеј кого го добија во 2018 година.