Холивудската глумица Шерон Стоун, во мемоарите The beauty of livin twice, открива дека била измамена од пластичен хирург кој и вградил поголеми импланти во нејзините дојки, од тие кои таа ги побарала. Хирургот ја измамил откако и бил отстранет бенингниот тумор во 2011 година.
„Кога ми ги тргнаа завоите, сфатив дека моите гради се поголеми за еден број од оние на кои се согласив. Хирургот ми рече дека одлично ми се усогласуваат со колковите. Го смени моето тело без мое знаење и согласност“, напишала Шерон.
За потсетување, глумицата претходно објави дека била измамена и од режисерот на „Основен инстинкт“, кој ја излажал кога и кажал дека нема ништо да се види во култната сцена „Сурови страсти“, кога таа ги пркрстува нозете.
„Ме излажаа да ги соблечам гаќичките“, Шерон Стоун за култната сцена во „Основен инстинкт“