(Видео) Милошевиќ бил предаден од човек на кој му верувал, вели негов поранешен телохранител

Славко Јанковиќ Црни, некогашниот телохранител на Слободан Милошевиќ, тврди дека поранешниот претседател на Југославија и Србија, бил предаден од неговиот друг телохранител и човек од највисока доверба, прочуениот Сента Миленковиќ, пишува српски Курир.

Миленковиќ за тоа, бил награден парично, но, и со чин на генерал. Тој на телевизијата „Хепи“, говорел за тоа како во 2001 година изгледало апсењето на Милошевиќ.

„Владата на Милошевиќ имаше организација што може да навива и да се облекува во Државната безбедност. Кога државата пропадна и кога се случи предавството, тој ги имаше сите информации. Ние 17 го чувавме него и неговото семејство“, изјавил тој.

Сента Миленковиќ го предаде Милошевиќ. Ние ја добивме информацијата дека тој ден ќе има апсење. Сента пет дена пред нападот излезе како и секое утро, но, не се врати. За тоа доби чин генерал и некоја сума на пари“, изјавил Јанковиќ и додал:

„Се знаеше дека 31. март е датумот кој Америка го даде да се заврши тоа, затоа што ако  Милошевиќ не беше уапсен тогаш, тој на барање на Русија требаше да биде предложен за претседател на светската Интернационала. Тој е човек кој веруваше во Уставот и државата“.

Јанковиќ го опишал и односот на Милошевиќ кој го имал со неговата сопруга Мирјана Марковиќ.

„Мира и Слоба се сакаа многу. Секогаш ми се чинеше дека на него му беше повеќе важна Мира. Никогаш не дозволи да се зборува негативно за неа. Тој, според мое мислење, падна под влијанието на неговата сопруга, но, тоа е само поради љубовта. Јас никогаш не би дозволил мојата жена да прави паралелна партија. Слободан често во ноќите не можеше да заспие. Луѓето од моето обезбедување ми рекоа дека тој од полтроните околу него, не можел да ја знае правата вистина.

 Јанковиќ изјавил дека војската му била верна на претседателот, а дека врвот на полицијата бил тој кој го предал. Како што изјавил, уплашени биле и сите кои го обезбедувале за време на апсењето во резиденцијата „Мир“, додека оние кои го предадоа, подоцна биле унапредени.
„Секој кој учествуваше во предавството на Слободан Милошевиќ, му стигна заслужената казна“, навел Јанковиќ, истакнувајќи дека некогашниот претседател, кон него се однесувал како татко.

Во живо во програмата на „Хепи“, се вклучи и Манасијевиќ, кој исто така бил задолжен за обезбедувањето на претседателот. Тој го обвинил Јанковиќ дека лаже и дека не бил ни блиску до Милошевиќ за време на апсењето.

Во емисијата се вклучил и Синиша Вучиниќ, уште еден човек близок до Милошевиќ, кој застанал во одбрана на Јанковиќ.
„Славко апсолутно ја говори вистината. Тој беше мојот борец и не лаже. Тој е чесен човек, а јас го донесов во вилата „Мир“. Милошевиќ го поздрави Славко од Хаг“, навел Вучиниќ, кој исто така додал дека му предложил на Милошевиќ да побегне во Русија, но дека тој го одбил.
Тој додаде дека Милошевиќ бил отруен во Хаг и дека на тој начин бил ликвидиран.
Извор/Курир.рс
Scroll to Top