(Видео) Филмот „Џокер“ инспирација за новата песна на Таско и Пајак

Милениците на тинејџерската публика, Христијан Тасковски – Таско и Христијан Настески – Пајак, конечно ја снимија првата заедничка песна „Психо“. Песната е во трап стил, за која музиката и текстот го напишаа Пајак и Таско. Мастерингот е на Иван Јованов – Ивајо. Видеото, инспирирано од филмот „Џокер“, го режираше Гордан Божиновски, а се снимаше во Театар Комедија.

Scroll to Top