Мислеле дека е обичен уличен графит, па оштетиле уметничко дело од 500.000 долари

Јужнокорејска двојка е обвинета за оштетување на улична уметност на американскиот уметник за графити JonOne , зашто мислеле дека им е дозволено да шкртаат на него како дел од  „партиципативната уметност“.

Шарената апстрактна слика, долга 700 сантиметри и висока 240 сантиметри, се проценува на 500 000 американски долари, а JonOne ја насликал пред публика во 2016 година во Сеул.

Кога била пренесена во трговскиот центар Лоте Ворлд, биле изложени две канти со боја и четки кои исто така се сметале за дел од инсталацијата.

Домаќините на изложбата објавиле дека во неделата фатиле еден млад човек и една млада жена на надзорните камери како ја користат бојата и додаваат свој печат на сликата, пренесува Ројтерс.

 

 

Двојката е уапсена, но подоцна е пуштена бидејќи галеријата одлучила да не ги тужи, верувајќи дека тоа е ненамерна грешка.

„Тие сметаа дека им е дозволено да го сторат тоа, дека работата е отворена за учество и не беа во право”, рече организаторот на изложбата Канг Вук.„Во моментов разговараме со уметникот дали да ја вратиме сликата“, додаде тој.

По инцидентот, галеријата ја загради сликата со жица и стави знаци „не допирај“.

Некои посетители на изложбата вчера се фотографирале со оштетеното дело, а Канг рече дека интересот за изложбата се зголемил по инцидентот

Scroll to Top