(Фото) Обожавателка на ДНК ги истетовира на раката: Марина ти симувам капа

Откако лани во ноември му се оствари детскиот сон, Панчо од ДНК, како голем фан на македонската фудбалска репрезентација го овековечи нивниот историски успех со тетоважа на ногата, а сега и тој сподели фотографија со тетоважа на фан, на неговата група „ДНК“.

На фотографијата што ја објави Панчо е девојка, која е фан на ДНК и во нивна чест на својата рака го има истетовирано, името на Р&Б дуото. На нејзината тетоважа се најде логото на нивниот вториот албум насловен „Срце“, кој беше издаден 2013 година.

„Ни на сон не би ми паднало на памет дека ќе бидеме нечија инспирација за да ни посветат дел од своето тело. Буквачно сум оставен без зборови. Марина капа доле. ДНК“, напиша тој.

Панчо е голем љубител на тетоважи и на прашање на „Фејсбук“ поставено од негов обожавател колку тетоважи има, Панчо вели: „Па, не знам како да објаснам и да одговарам на ова прашање, знам само дека има многу“.

 

 

(Фото) Панчо си ги истетовира фудбалерите: Детскиот сон мора да се овековечи

Scroll to Top