Американец Ден Хатчис од Калифорнија починал за време на еден аматерски натпревар во јадење тако, традиционалното мексиканско јадење, за време на мал бејзбол натпревар што се одиграл во 2019 година.
Неговиот син Маршал сега ги тужи организаторите, сметајќи ги нив за одговорни за неговата смрт. Тужбата ја поднел во понеделникот. Тој вели дека татко му не бил запознат со ризиците и опасностите поврзани со натпреварувањето во јадење, пренесува „Френсо Би“.
Обвинети се „Фресно спорт и настани“, кој се во сопственост на „Гризли“. Претседателот на „Гризли“, Дерек Френк, засега не сака да дава никакви коментари во јавноста.
Учесниците се натпреварувале да изедат што повеќе тако во текот на одреден временски период. Адвокатот на Маршал вели дека учесниците во спортот и јадењето претходно тренирале и биле физички подготвени за учество, за разлика од таткото на неговиот клиент.
„Во овој случај таткото на мојот клиент не бил запознат со ризиците. Организаторот на овој настан требало да му даде до знаење и да преземе чекори за заштита“, изјавил тој.