Сценската облека што ја носеше поп-групата „Дестинис Чајлд“ на врвот на нивната слава ќе се најде на аукција во јуни, заедно со облеката на Лејди Гага, Витни Хјустон и Шер.
Од аукциската куќа „Џулиен“ соопштија дека ќе се наддаваат над 100 парчиња, сценска облека во сопственост и користени од членовите на „Дестинис Чајлд“, Бијонсе, Кели Роланд и Мишел Вилијамс во доцните 1990-ти и раните 2000-ти.
На аукцијата ќе се најдат парчиња од златна кожа, што ги носеле трите пејачки на „Survivor“ и триото футуристички металик кожни комбинезони од црвена и сребрена кожа што пејачките ги носеле во спотот за “Independent Women Part 1”.
„Оваа облека е легендарна како и песната за филмот“, изјави Мартин Нолан, извршен директор на аукциската куќа.
Облеката, од кои повеќето ја дизајнираше мајката на Бијонсе, Тина Ноулс Лоусон, се очекува да достигне цена од 600 до 10 000 американски долари на тридневната аукција во Беверли Хилс, на 11 и 13 јуни.
Облеката беше донирана од семејствата на пејачките на „Дестинис Чајлд“, откако поминале години во складиште. Еден дел од приходите ќе бидат од корист на „Musi Cares“, добротворната организација на Академијата за снимање, која им помогна на музичарите кои се борат поради пандемијата на коронавирус.
Другата сценска облека што ќе биде на аукцијата во јуни го вклучуваа златниот фустан на Версаче, која го носеше покојната Витни Хјустон за настап во Париз во јули 1998 година (проценета на 20 000 – 30 000 американски долари) и облеката и кожната јакна што ги носеше Шер во 1989 година за музичкиот спот за „”If I Could Turn Back Time” што последен пат беше продаден на аукција пред пет години за 60 000 американски долари.