Гитаристот и член на музичката група „Меморија“, Петар Георгиевски Камиказа, објави фотографии од 2016 година на кои е сликан без блуза. Тој се пофали дека и денес е во форма и изгледа одлично, за разлика од пред десет години кога имал голем стомак.
„Ако успеав да направам ваква физичка трансформација, можете само да замислите што сè можам да направам со мисловната. Имајте убав ден, а и мотив, дека кога сè сака сè се може“, напиша Перо.
Тој ги собра комплиментите од фановите, а некои му коментираа дека и на 60 години изгледа како Рамбо.