Брза диета за летна детоксикација на организмот

Постојат многу начини за детоксикација на организмот, кои траат од еден ден до неколку недели. Нутриционистите секогаш препорачуваат обичната детоксикација со која ќе го исчистите организмот од отрови. Оваа диета држете ја три дена.

Кога ќе станете, испијте чаша топла вода и сок од половина лимон.

За појадок изедете една чинија со разни овошја и една лажица овесна каша.

Ужината нека се состои од едно овошје, како што е портокал, јаболко, круша, грејпфрут.

За ручек една чинија варен зеленчук и месо или риба, лажица интегрален ориз или компири.

Повторно имате ужина – еден суров или варен морков или ситно сечкано цвекло, целер, брокула.

За вечера јадете исто како за ручек.

Важно е да пиете многу вода и растителни чаеви, приближно 2 литра на ден.

 

Scroll to Top